На 10 април 2015 година (Велики петок), во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф отслужи Царски Часови и Вечерна богослужба, на која символично се соврши симнувањето од Крст и положувањето во Гроб на Христовото Пречисто Тело.
Денес виси на дрво, Оној Кој земјата ја обеси на водите;
со венец од трња е крунисан Царот на ангелите;
во смешна багреница се облекува Оној Кој небото го облекува со облаци;
шлаканици прима Оној Кој во Јордан го ослободи Адама;
со клинци се прикова црковниот Младоженец;
со копје се прободе Синот на Дева:
се поклонуваме на Твоите страдања, Христе,
се поклонуваме на Твоите страдања Христе,
се поклонуваме на Твоите страдања, Христе,
покажи ни го и славното Твое воскресение.