По 57-годишен застој, во црквата на свети Георгиј, во градот Амохост на окупираниот дел од Кипар, на Велики петок ќе се отслужи чинот на Погребение на плаштаницата Христова. Покрај тоа, со дозвола на турските власти, еднаш месечно, во недела, во истата црква ќе се служи Божествена Литургија, јавува грчкиот новински портал Romfea.gr.
Богослужението на Погребение на плаштаницата Христова ќе го изврши митрополитот Константиски и претстојател Амохостоски, г. Василиј. Црквата на св. Георгиј датира од XV век и се наоѓа во внатрешноста на средовековната тврдина во градот.
„Многу сме радосни“, – изјавил митрополитот Василиј во интервју дадено за Атинската информативна агенција, говорејќи за активностите околу – „подоготовката на црквата за богослужение после половина век. Уште повеќе, деновиве се подготвуваме и за литија со Христовата плаштаница која ќе ја извршиме во внатрешноста на тврдината, по улиците на Амохост“.
Извор: Pravoslavie.ru