Царски часови и Вечерна богослужба на Велики петок во Куманово

"Царски часови и Вечерна богослужба на Велики петок во Куманово"

На 14 април 2017 година (Велики петок), во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Царски Часови и Вечерна богослужба, на која символично се соврши симнувањето од Крст и положувањето во Гроб на Христовото Пречисто Тело.