Велики понеделник од Страсната седмица

"Велики понеделник од Страсната седмица"

Во светиот и велик понеделник од Страсната седмица, 2 април 2018 г., кога се сеќаваме на блажениот и праведен Јосиф и на смоквата која што Господ ја проколна и со тоа се исуши, во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Литургија на претходноосветени дарови.

На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.