Литургија на претходноосветени дарови во Куманово

"Литургија на претходноосветени дарови во Куманово"

Во светиот и велик Вторник од Страсната седмица, 11 април 2017 г., кога се сеќаваме на Евангелското кажување за десетте девојки, во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Литургија на претходноосветени дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.