Седумгодишнина од востоличувањето на Романскиот Патријарх Даниел

"Седумгодишнина од востоличувањето на Романскиот Патријарх Даниел"

Вчера, 30 септември 2014 година, Неговата Светост, Патријархот Даниел ја одбележа седумгодишнината од неговото востоличување како Патријарх на Романската православна црква. Утрото во 9 часот беше отслужена Света Архијерејска Литургија со која началствуваше Неговата Светост, во сослужение со бројни архијереи, јереи и ѓакони, а со учество на верниот народ.

Во 11:30 часот беше отслужен и Благодарствен молебен преку кој Црквата во Романија Му се заблагодари на Бога за добрините што Тој ги излева врз Црквата и народот во Романија. По молебенот беше приредена кратка прослава, на која беа прочитани честитките од страна на државните и градските власти и институции. На одбележувањето на оваа годишнина беа присутни членовите на Свештениот Синод на Романската Црква, голем број лаици и верници, членовите на Црковно-народната асемблеја, припадници од државните и градски власти и институции, јавни личности, како и членовите од Епархискиот Управен Одбор од Букурешката Архиепископија.

Извор: Информативна служба на Романската Патријаршија