Седма Меѓународна конференција за религии и деструктивни култови во Санкт Петербург

"Седма Меѓународна конференција за религии и деструктивни култови во Санкт Петербург"

Од 18 до 20 септември годинава во Свето-Троицко Александро-невскаа Лавра во Петербург се одржа седмата по ред Меѓународна конференција за религии и деструктивни култови. На конференцијата учествуваа претставници од Црквите од Русија, Грузија, Бугарија, Полска, Романија, Кипар и Грција. Во рамките на Руската Црква беа присутни и претставници од Белоруската и Украинската Црква.

Со поздравно слово на гостите им се обрати митрополитот Санкт-Петербуршки и Ладожки г. Варсонуфиј и епископот Гатчински и Лужски г. Митрофан. Карпасијскиот епископ г. Христофор ги пренесе поздравните зборови и благословот за работата на конференцијата од Неговата Светост, патријархот Руски г. г. Кирил

Во работниот дел од конференцијата беа разгледани начините за избегнување на влијанието на тоталитарните организации.

Според зборовите на г. Христофор, „повеќето секти делуваат прикриено. Нивната цел е да ја уништат човечката личност, а Црквата сака да го запази човечкото достоинство во љубов и грижа и да го води народот по правиот пат на надежта и спасението“. Разговарајќи со новинарите за опасноста од Скиентологијата, тој потенцираше: „Што е проблемот на Скиентологијата? Нејзините следбеници се регистрираат како компании, философски центри или центри за одвикнување од зависности, и се обидуваат да ги заведат младите луѓе, да ги изолираат од нивните семејства и пријатели. Луѓето, пак, што се борат против овие секти самите се изложени на прогонства; објавена е војна против нив. Ние имаме право да го изразиме нашето мислење, а нè осудуваат дури и пред да кажеме збор“.

Според епископот Митрофан, Православната Црква може да соработува со претставниците од другите традиционални религии во борбата со култовите, затоа што Русија е мултиетничка и мултиконфесионална држава, и нејзиниот народ ги дели истите морални вредности.

Извор: Московска Патријаршија