Јанукович со пофалби поради напорите на Црквата за смирување на кризата

"Јанукович со пофалби поради напорите на Црквата за смирување на кризата"

Претседателот на Украина, Неговата Екселенција г. Виктор Јанукович, упати благодарност до украинското свештенство поради помошта во смирувањето на домашната политичка криза.

„Дозволете ми да ја искажам мојата длабока благодарност до поглаварите на црквите и религиските организации, до свештениците, монасите и епископите за големата поддршка којашто ја покажуваат во нашите напори за започнување на мировен процес во земјата. Нивните молитви и повици кон народот се особено значајни во овие тешки времиња“, вели г. Јанукович во изјавата за Интерфакс.

„Мислам дека мораме сите да седнеме заедно и да започнеме една длабока и долга дискусија за растечката улога на Црквата во градењето на мирна иднина за земјата. Ги замолувам лидерите на црквите и религиските организации да изберат термин за овој настан. Мислам дека тоа ќе биде една многу корисна дискусија за целото општество“, дополни Претседателот.

Извор: www.pravmir.com