Нападите врз украинските цркви се спротивни на мировните преговори во Минск

"Нападите врз украинските цркви се спротивни на мировните преговори во Минск"

Претставници на Московската Патријаршија се сè погласни во изразувањето на потребата за заштита на црквите кои ѝ припаѓаат на Патријаршијата: „Убеден сум дека обидите за запленување на цркви ја нарушуваат логиката на мировните преговори во Минск, кои ја разбудија надежта во срцата на милиони луѓе“, изјавил претседателот на Синодалниот информативен оддел, г. Владимир Легоида.

Г. Легоида ја изразил загриженоста за новите информации според кои украинските националисти ја заплениле црквата на Воздвижението на чесниот Крст во селото Бољшаја Севастјановка во областа Черкаси во Украина. Според него, граѓанскиот мир во Украина е неразделив од локалните спорови кои, меѓу другото, се согледуваат во насилството кое се врши врз имотот на Московската Патријаршија во Украина.

Извор: Правмир