Во Израел пронајдени остатоци од манастир од Византискиот период

"Во Израел пронајдени остатоци од манастир од Византискиот период"

Археолози од Израел откриле еден манастир во Светата Земја што потекнува од Византискиот период. Според порталот Седмица.Ру, кој ја пренесува изјавата на водачот на ископувањето, археолозите откриле градежна структура на манастирски комплекс и ракоделен додаток во кој се произведувало масло, а било обработувано и грозје. Ископувањето било лоцирано на ридот јужно од Беит Шемеш, односно на запад од Ерусалим.

Манастирскиот католикон не е пронајден, но според откриените записи, со сигурност се знае дека ископните се дел од православен манастир. Моментално се откриени мозаични подови, орудие за земјоделска работа и голем број други артефакти.

Извор: Правмир