Ливенско-Малоархангелската епархија на Руската Црква на официјалниот сајт ја објави веста за чудото што се случило во женскиот манастир на светиот апостол и евангелист Јован Богослов. Имено, во официјалното соопштение се вели: „Во ноќта помеѓу 19-ти и 20-ти јануари, после празничното богослужение, монахињите од манастирот посведочија еден прекрасен настан. На дрвеното распетие (крст) на Господа и Спасителот наш Исус Христос, што се наоѓа во црквата, на неколку места се појави миро. Видливи се потоци миро кои се слеваат од пречистиот лик на Спасителот. Мироточењето трае и понатаму. Навистина, чудесни се делата Твои, Господи!“
Извор: Православие.ру