Шатор за дневен престој бил отворен во Москва од страна на православната служба за помош „Милосрдие“. На површината на шаторот бездомните лица не само што ќе имаат можност да се користат со мобилни туш-кабини, да добијат оброк, облека и обувки, туку ќе имаат и реална можност за промена на животот.
– Оваа година „Хангарот на спасението“ нема да работи како минатата – изјавил духовникот на „Милосрдие“, Епископот Орехово-Зуевски г. Пантелејмон. – Шаторот нема да функционира како место за преноќување, туку како центар за социјална помош на луѓето кои имаат потреба од неа.
Планирано е главна задача на проектот да биде интеграција на бездомниците во општеството. Социјален работник во шаторот ќе им помага на загрозените лица при вадењето документи, воспоставување на врски со нивните роднини, пронаоѓање на привремено сместување и работа. Деноноќно на бездомниците ќе им биде достапен бесплатен телефон за телефонирање внатре границите на Руската Федерација, така што тие ќе бидат во можност да се поврзат со роднините, но и да бараат работа. Пристапот до хангарот е достапен за секој еден што се наоѓа во загрозена положба и е без покрив над главата, без разлика на тоа дали поседува некаква документација или не.
Извор: Правмир