На 16 и 17 октомври годинава во Норвешка било прославено илјадолетието од покрстувањето на св. Олав, кралот Норвешки, рамноапостолен. Одбележувањето на овој јубилеј започнало со крсна литија и мало осветување на црквата посветена на св. Олав, изградена на историското место Стиклестад во централна Норвешка од страна на Архиепископот Јегорјевски г.г. Марко. По отслужената Литургија, одликувани од страна на Неговото Блаженство биле сите оние истакнати членови кои придонеле за изградба на новата црква.
Следниот ден била отслужена Архијерејска Божествена Литургија во Нидаросдомен, старата катедрала во Трондем во која со векови се чувале моштите на светиот норвешки крал.
Извор: Московска Патријаршија