Во склоп на меѓународната научно-работна конференција „Православие и дипломатија“ во земјите на Азиско-тихоокеанскиот регион во Рускиот Центар во Улан-Батор на 23 јуни 2014 г. се одржа тркалезна маса на тема „Православие во Монголија“, посветена на 150-годишнината од основањето на првата православна парохија во Монголија и петгодишнината од осветувањето на православен храм во Улан-Батор. Предавања одржаа универзитетски професори, претставници на Руската Црква, свештенослужители од Бурјатската епархија, како и парохот на црквата на Света Троица, јереј Алексиј Трубач.
Извор: Правмир