Се вомирови патријаршискиот егзарх на Белорусија. г. Филарет

"Се вомирови патријаршискиот егзарх на Белорусија. г. Филарет"

Митрополитот на Минск и Слуцк, и патријаршиски егзарх на цела Белорусија – г. Филарет, се вомирови во својата 75-та година, објави Московската Патријаршија.

Светиот Синод на Руската православна црква којшто деновиве заседава во Свето-Даниловскиот манастир во Москва го прифатил писмото со оставка коешто го доставил митрополитот Филарет. Членовите на Светиот Синод на РПЦ му се заблагодариле на митрополитот Филарет за неговото 35-годишно водење на Црквата во Белорусија, време одбележано со формирање на десет епархии, многукратно зголемување на бројот на парохии, отворање на нови манастири и богословски училишта, воспоставување на пријателски и конструктивен дијалог со властите и јавните организации, и одржувањање на добри меѓурелигиски односи.

Митрополитот Филарет ќе стане почесен патријаршиски егзарх на Белорусија, задржувајќи го правото да учествува во работата на Светиот Синод, и своето место на црковните богослужби и официјални прослави.

Светиот Синод, исто така упати благодарност и до белорускиот претседател, г. Александар Лукашенко, за неговата добра волја за обезбедување на сите услови за живот и медицинска нега на вомировениот митрополит.

Роден како Кирил Вакхромејев во Москва, на 21 март 1935 година, митрополитот Филарет бил назначен за Митрополит на Минск во 1978 година, а послушанието на патријаршиски егзарх го извршувал од 16 октомври 1989 година. Во 2006 г. бил одликуван со орденот Херој на Белорусија од страна на претседателот Лукашенко.

Извор: Belarusian Telegraph Agency