Воскресна вечерна богослужба и осветување на новиот иконостас

"Воскресна вечерна богослужба и осветување на новиот иконостас"

Во сабота, 24 јануари 2015г. по Христа, во црквата на св. Никола во Престон (Мелбурн, Австралија) беше отслужена воскресна Вечерна богослужба. По богослужбата, епархискиот Архијереј, Митрополитот Петар заедно со Митрополитите Тетовско-гостиварски Јосиф и Кумановско-осоговски д-р Јосиф и епархиското свештенство извршија осветување на иконите од новиот иконостас во црквата. Пригодна беседа произнесе Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф. Старешината на црквата, протојерејот Душко Спиркоски ги поздрави владиците во името на неговите собраќа, црковниот одбор и верниот народ, и им се заблагодари за нивните молитви и благословот со нивното присуство. Исто така, тој им се заблагодари и на донаторите на новите икони и замоли и понатаму да продолжат сесрдно да го помагаат животот на парохијата.

Потоа беше приредена заедничка трпеза на љубовта во црковната трпезарија.

Извор: Австралиско-новозеландска епархија