Востоличен новиот Белгиски митрополит, г. Атинагора

"Востоличен новиот Белгиски митрополит, г. Атинагора"

На 21 декември 2013 година, во соборната светоархангелска црква во Брисел беше востоличен наследникот на вомировениот Белгиски митрополит г. Пантелејмон, г. Атинагора. На востоличувањето присуствуваа многубројни високи претставници на верски и државни структури од голем број европски земји.

Роден е како Ив Пекштат на 24 март 1962г. во Гент (Белгија) во семејство на православен свештеник. Студирал право, но подоцна, добивајќи целосна стипендија од Цариградската патријаршија, заминал на богословски студии во Солун. По успешното завршување на мастер студиите, академската надобразба ја продолжил на Екуменскиот институт при Женевскиот универзитет.

Во ноември 1989г. бил ракоположен за ѓакон од страна на Филаделфискиот митрополит г. Вартоломеј (денес Вселенски патријарх). Во свештенички чин бил ракоположен од својот претходник, Белгискиот митрополит г. Пантелејмон. За викарен епископ на Архиепископијата Бенелушка бил избран во 1996г, по што во 2003г. бил избран за титуларен Епископ Синопски, и викар на Белгискиот митрополит.

Извор: Romfea