Вознесение Христово

"Вознесение Христово"

На 21 мај 2015 година, кога Црквата го слави Вознесението Христово, во храмот на Вознесението Христово во с.Романовце – Куманово, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

По завршувањето на Литургијата беше извршен мал Водосвет и беа прекршени славските колачи во храмот на Вознесението Христово во с.Романовце – Куманово и во храмот на Вознесението Христово во с.Мршевци – Куманово.