Константинополскиот Патријарх Вартоломеј I ги замолил сите православни лидери да се соберат во Истанбул во март оваа година, за да го испланираат одржувањето на сеправославен собор во следната, 2015 година, соопштува Седмица.ру.
Сеправославниот собор, како што се соопштува во изјавата на Неговата Сесветост, треба да биде „сериозен напор на патот кон постигнување на единство во православниот свет“ и да овозможи посилна соработка меѓу помесните православни Цркви.
Меѓутоа, поимањето на првенството во православниот свет во Константинотпол и Москва значително се разликува. Денес постојат обиди од страна на Фанар, првенството по чест на Константинополскиот Патријарх да се протолкува како првенство на власта. Исто така, Константинополската Патријаршија објави една изјава во која се критикува Московската Патријаршија поради нејзиниот став околу првенството на Константинопол.
Извор: pravoslavie.ru