Одбележана 20-годишнина од православната мисија на РПЗЦ во Коста Рика

"Одбележана 20-годишнина од православната мисија на РПЗЦ во Коста Рика"

Свештенството и верниот народ од Коста Рика месецов ја одбележаа 20-годишнината од постоењето на парохијата на Владимирската икона на Мајката Божја. Имено токму пред 20 години, во 1994 година, отец Даниел Меккензи пристигнал во Коста Рика и ја отслужил првата Божествена Литургија во домот на еден православен верник.

Цели петнаесет години парохјаните работеле со цел да успеат да изградат православна црква, и пред пет години, конечно, го добиле Божјиот благослов за да започнат со изградбата. Истовремено им бил испратен и нов свештеник – отец Родион Арагон, кој заедно со неговата сопруга неуморно работеле на изградбата на храмот, но и изградбата на парохијата. Матушка Елена направила сè што можела за да му помогне на нејзиниот сопруг – пеела на певница, печела просфори, ги средувала администраторските дозволи за изградба на црквата, Го проповедала Христа меѓу нејзините сосетки. Искушенијата со кои оваа православна мисија се соочила во последните пет години не биле мали, но најголем удар мисијата добила дознавајќи за болеста и упокојувањето на отец Родион. Сепак, Бог не ги препуштил сами: набрзо пристигнала помош од Источно-американската епархија на РПЗЦ, како и од Антиохиската црква во Америка.

Одбележувањето на овој мал, но значаен јубилеј започнало со осветување на трите донирани ѕвона на црквата, по што било отлужено сеноќно бдение. Утредента бил благословен и новиот иконостас и мозаик, по што била отслужена Божествена Литургија. На крај, биле осветени куполата и крстот над храмот.

Тожрествениот ден бил крунисан со доделување на ордени за заслуги и епархиски грамоти. Руската Амбасада во Коста Рика организирала и прием, при што било прочитано и посланието на Митрополитот Источно-американски и Њујоршки г. Иларион.

Извор: Православие.ру