Дваесетипрвото Генерално Собрание на Меѓупарламентарната Асемблеја на Православието ќе се одржи во Москва, во периодот од 26 до 30 јуни годинава. Собранието ќе заседава на темата: „Парламентарна демократија – Христијанство – Православие: вредности и концепти“. Присуство најавиле многубројни учесници од различни страни од светот. На Собранието ќе бидат доделени наградите по распишаниот меѓународен научен натпревар за есеј.
Извор: Eiao.org