На 27 јануари 2014 година во Државниот дворец Кремљ во Москва се одржа свечено отворање на XXII Меѓународни рождественски образовни читања „Преподобен Сергиј. Русија. Наследство, современост, иднина”. Гостин на отворањето беше Неговото Блаженство, Патријархот на Великата Антиохија и Истокот, Јован X.
Во говорот на свеченото отворање, Неговата Светост, Патријархот Московски и Руски Кирил, напомена дека пред точно 70 години, на 27 јануари 1944 година, Ленинград потполно бил ослободен од блокадата. Поглаварот ги благослови ветераните, учесниците и сведоците на Големата Ослободителна војна, и оние кои ја преживеале блокадата во северниот главен град.
„Во овие зборови внесувам особени чувства на човек кој што се родил во семејство од тоа блокадно време, кое преку чудо ги преживеал тие страшни 900 дена, – продолжи Патриархот. – Јас се родив во 1946 година, веднаш после војната. Го помнам Ленинград со неговите разрушени згради. Го помнам лицето на блокадата. Тие сиви и црни бои на градот. Но исто така сум сведок и на тоа колку брзо и со каква енергија, при отсуство на современи машини и механизми, се обновуваше градот. Буквално за неколку години не остана ни една рушевина и градот се појави во цела своја убавина”.
„Почитувајќи го споменот на загинатите, ние сме повикани да се сеќаваме на тоа со каква цена е платен мирот и слободата на нашата татковина и на цела Европа”, изјави Поглаварот на Руската православна црква.
Извор: http://www.patriarchia.ru