Годинава се навршуваат дваесет и три години од изборот и воведувањето на Неговата Сесветост, Патријархот Вартоломеј на свештениот трон на Цариградската патријаршија. По повод овој значаен јубилеј за Патријаршијата, постојните епископи во Цариград, предводени од г. Константин Никејски го посетиле патријархот и му ја честитале годишнината посакувајќи му „многаја и благаја“, плодоносни и благословени лета, за преку неговото мудро и цврсто пастриствување Бог да продолжи да ја води Првопрестолната по чест Црква, како и Ромејството, кон подобри денови.
Патријархот, од своја страна, уште еднаш Му заблагодарил на Бога за големата чест и одговорност, а на гостите за срдечните и искрени честитки, за нивната посветеност и труд вложени во соработката со него, особено по прашањата поврзани со управувањето на Црквата.
Извор: Amen.gr