Во Ламија (Грција) се одржува 26 Сеправославна конференција

"Во Ламија (Грција) се одржува 26 Сеправославна конференција"

Со одлука на Светиот Архиерејски Синод на Атинската Архиепископија, а под покровителство на Атинскиот Архиепископ г.г. Јероним и во соработка со Фтиотидскиот Митрополит г. Николај, од 3 до 5 ноември годинава во Ламија (Грција) се одржува 26 Сеправославна конференција за прашања поврзани со ересите и парацрковноста, на тема „Вонхристијанско еретичко и окултно согледување на Христа“. На Конференцијата учество ќе земат 110 архиепископи, митрополити, епископи, свештеници и професори од Црквите од Грција, Крит и Додеканес.

Конференцијата ја отвори Фтиотидскиот Митрополит кој, откако изврши мал водосвет ги поздрави присутните, а потоа беа прочитани поздравните слова од поглаварите на Православните Цркви. Првиот работен ден заврши со излагањето на Карпаскиот Епископ г. Христофор на тема „Христос и современиот религиски синкретизам“.

Извор: Amen.gr