Познатиот професор на Салесијанскиот Папски универзитет од Италија, проф. д-р Масимо Интровиње неодамна ја искажа неговата загриженост поради ширењето на христијанофобија во Европа. „Започнува со нетрпеливост: се прикажуваат различни ТВ шоуа и филмови кои христијанските лидери ги прикажуваат во лошо светло. На пример, американската карикатура насочена против римскиот папа, на која тој е прикажан како спалува еден хомосексуалец“, изјави професорот на вториот форум „Религија и свет“ што се одржа неодамна во Москва.
Тој посочи уште еден пример на „понатамошна дискриминација“ – кога Европскиот суд за човекови права забранил поставување на распетија во италијанските училишта. „Дури и во Европа постои тенденција нетрпеливоста да прерасне во дискриминација, а потоа и во конкретни злодела“, додаде проф. Интровиње.
Според него, меѓурелигискиот дијалог треба да се спротивстави на ваквиот тренд, а потребно е да се избегнат екстремите на фундаментализам и секуларизам, за да се достигне рамнотежата меѓу верата и разумот.
Извор: Интерфакс