На Твитер започна кампања за поддршка на контроверзниот истанбулски имам Фетула Гулен во неговите позачестени барања за пренамена на Света Софија во џамија. Овој потег, поддржан од голем број на политичари, беше оспорен од другите кои го обвинуваат Гулен за обид за дијалог и толеранција кон другите вери.
Претходно, пратеникот Хами Јилд’рм кој настапи како независен пратеник, поднесе официјално барање до Канцеларијата на Претседателот на турското собрание за пренамена на Света Софија во џамија, за муслиманите да можат да се молат во неа. Од друга страна, неговиот потег беше критикуван од група на пратеници кои во барањето на Јалд’рм гледаат обид за дневно-политичко профитерство во очи на претстојните претседателски избори. Според повеќето критичари на ова барање, Турција исто така не е во можност да ја одржува Света Софија како дом за молитва. Според заменикот-премиер, г. Булент Аринџ, Владата нема да носи никаква важна одлука базинара на кампања од социјални мрежи, зашто на тој начин би се воспоставило преседан со негативни последици.
Инаку, Света Софија е изградена во 537 година, и служела како соборен храм во Константинопол до 1453 година, кога градот паднал бил освоен од отоманскиот султан Мехмед II, а Света Софија била претворена во џамија. Во следните нецели 500 години, до 1931 година, служела како џамија, кога била затворена цели четири години, за во 1935 година да биде отворена како музеј.
Извор: Pravmir.com