„Украинската грко-католичка црква се инволвира во директни политички активности, за жал, користејќи остри русофобични слогани и изјави, и давајќи остри изјави против Руската православна црква во своите јавни обраќања“, изјавил Рускиот Патријарх при средбата одржана во Министерството за надворешни работи на Руската Федерација пред два дена.
Патријархот Кирил рекол дека „многу тажна сенка“ била фрлена врз односите меѓу Руската Црква и Ватикан.
Грко-католиците (Унијати) претходно биле критикувани од Митрополитот Волоколамски Иларион, претседател на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија.
„Водени од вториот врховен архиепископ Светослав Шевчук и поранешниот архиепископ Љубомир Гузар, кој е вомировен, тие зазедоа јасна положба уште од самиот почеток на граѓанскиот конфликт, што за жал, доведе и до воен конфликт“, изјавил г. Иларион за каналот Русија24 во март годинава.
Митрополитот посочил дека унијатите не само што повикуваат на евроинтеграција, „туку дури и ги повикаа западните земји да земат поактивна улога во ситуацијата во Украина“.
Во истиот тон, Волоколамскиот Митрополит заклучил: „Архиепископот Светислав Шевчук и лажниот патријарх Филарет (Денишенко) појдоа дури до САД, до нивното Министерство за одбрана и побараа директно влучување во украинските работи“.
Извор: Pravmir.com