Повеќе од 25 илјади цркви биле обновени во последните 25 години во Русија. Всушност, секој ден се отвориле по 3 цркви во земјата. Во 1988г., имало дваесет манастири во Русија; сега има 805. Позади секој еден од нив стојат луѓе што се откажале од обичниот начин на живеење и создавање на семејства, за да се посветат себеси на служба. Ваков просек на заживување на религискиот живот би можел да се спореди единствено со периодот по издавањето на Миланскиот Едикт во 313 година, доколку имавме статистики за тоа време.
А сето ова се случува во време коешто на Запад се нарекува пост-христијанско, со што на погрешен начин ни се сугерира дека религијата е феномен на минатото, и дека човештвото се оддалечува од религиските вредности. Западот има намера да ги исфрли религиските тези од јавните места. Постојат многу примери за ова. Во Норвешка, една новинарка беше отпуштена поради тоа што носеше ланче со крст околу вратот: било одлучено дека крстот би можел да стане симбол на расправи. Кога градоначалникот на еден француски град одби да дозволи регистрација на брак меѓу истополови партнери, тој беше правно гонет. Во ЕУ, политичарите немаат право да се водат од религиски идеи при извршување на нивната должност.
Со Европа доминира моралниот релативизам: секој може да си постави своја скала на морални вредности, којашто не нужно би соодвествувала со универзалните човечки вредности. Во тек е процес на разнебитување на семејните вредности. И доколку во религискиот светоглед, брачната заедница има богодарувана природа, денес на Запад секоја заедница може да се нарече брачна – а уште повеќе, секоја заедница го има присвоено правото на посвојување деца.
Секуларната западна идеологија инсистира дека не постои такво нешто како апсолутни морални вредности. Постојано сме убедувани дека, доколку некој не ги наруши правата на другите, тој може да продолжи да проповеда што сака и да живее како што сака. Овој принцип е вметнат и во образовниот систем. Учениците мора да се ослободат од сите форми на определување: францускиот министер за образование го изјави ова. Таму, зборовите „момче“ и „девојче“ се заменети со (општите одредници) „другар“ и „дете“. Тие веруваат дека „момче“ и „девојче“ се улоги што децата ги земаат, и дека тие може да ги сменат овие улоги. Истото може да важи и за „мама“ и „тато“. Со текот на времето, и овие зборови ќе се заменат со „семејство“.
Слични предрасуди навлегуваат, и ќе навлезат и во нас. Било каков контакт со Европа ќе биде поврзан со наметнувањето на ваквите предрасуди. Веќе знаеме дека еден од условите за влез во ЕУ е легализацијата на истополовите партнерства. Русија е критикувана поради недостиг на демократија. Голем број на европски лидери заговараат бојкот на спортските настани во нашата земја, како и Олимпијадата во Сочи, посочувајќи го фактот дека ние ги дискриминираме сексуалните малцинства. А чудно е, сепак, што ниту еден од овие лидери не протестира против истребувањето на христијаните на Средниот Исток: нив не ги интересира ова; тие молчат за ова.
Жално е што некои луѓе паѓаат во оваа сатанска политика. Западната секуларна цивилизација води кон истребување на нациите; оваа идеологија е буквално самоубиствена. Истовремено, моралната ориентација на религијата е насочена кон животот на луѓето, овозможувајќи им на нивните поколенија да живеат. Фактот дека демографската ситуација во Русија се промени, и дека имаме повеќе раѓања од умирања, недвосмислено е последица на владината политика, која се консолидира со учењата на верските заедници.