Заупокоена Литургија и четириесетдневен помен

"Заупокоена Литургија и четириесетдневен помен"

Во саботата од третата седмица на Великиот пост (14.03.2015 г.), кога Црквата го прославува споменот на преподобните маченички Евдокија и Антонина, Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, во храмот на свети Димитриј во Крива Паланка служеше Заупокоена Литургија и панихида за блаженоупокоениот протопрезвитер Зоран Витковски. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.