Во средата од втората седмица по Пасха (22.04.2015 г.), кога Црквата го прославува споменот на преподобните маченици Евпсихиј и Вадим, Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, служеше Заупокоена Литургија и панихида за Јане Сандански. Овогодинешниот помен се совпаѓа со стогодишнината од неговото убиство. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Заупокоена Литургија во Куманово на стогодишнината од упокојувањето на Јане Сандански
"Заупокоена Литургија во Куманово на стогодишнината од упокојувањето на Јане Сандански"