Жители на јужниот дел на Москва се откажале од паркинг само за да има место за црква

"Жители на јужниот дел на Москва се откажале од паркинг само за да има место за црква"

Информативната агенција „Интефакс“ јавува за невообичаениот случај на изградба на црква на Покров на Пресвета Богородица во областа Орехово-Борисово од јужниот дел на Москва. Имено, црквата е изградена за рекордно време од осумнаесет месеци, а жителите од оваа област се откажале од изградбата на катна гаража на истата локација, само за на неа да се изгради црква. – Се очекува осветувањето да се изврши на денот на Рождеството Христово, 7 јануари 2015 година – изјавил рускиот пратеник г. Владимир Ресин, одговорен за изградба на нови цркви.

– Црквата е подигната речиси рачно, без индустриски методи, на начин кој се применувал за изградба пред сто години. Ѕидовите се дебели метар и пол. Фасадата е украсена со сложени мозаици – додал г. Ресин.

Според него, старешината и парохјаните се просто вљубени во овој проект: „Локалното население дури се откажа од изградба на гаража на ова место, само за истото да биде сочувано за црквата.“

Црквата е изградена во стилот на руската модерна. Ѕидовите се бели, а куполите и покривот се сини, боја којашто симболично се поврзува со Пресвета Богородица.

Извор: Правмир