Овозможени исповеди на знаковен јазик во Пензенската епархија во Русија

"Овозможени исповеди на знаковен јазик во Пензенската епархија во Русија"

Вчера, на 21 септември 2014 г. за прв пат во историјата на градот Пенза, во црквата на св. Матрона Московска беше отслужена Божествена Литургија со преведувач на знаковен јазик за лицата со попречен слух. Според информациите кои ги објави Интерфакс, секоја прва и трета недела од месецот ќе се служи Литургија со превод на знаковен јазик. Покрај тоа, старешината на црквата, јеромонах Иларион, секоја сабота ќе остварува средби со луѓе со попречен слух, на кои луѓето ќе може да поставуваат прашања, но и да се исповедаат.

Во Пенза годинава, на 1 септември, беше отворен Центар за глуви и наглуви Христијани со кој раководи јеромонахот Иларион.

Извор: Правмир