На 06.12.2024 год., во навечерието на празникот на свети Климент Охридски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Вечерна богослужба во параклисот на богословијата „Свети Климент Охридски“ во Скопје. На истата молитвено присуство зедоа: Неговото Блаженство, Ахриепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, Митрополитот Преспанско-пелагонски г. Петар, ректорот на Богословијата – Митрополитот Повардарски г. Агатангел, како и Митрополитите: Брегалнички г. Иларион, Тетовско-гостиварски г. Јосиф и поранешниот Митрополит Кумановско-осоговски г. Јосиф.По завршувањето на Вечерната богослужба, во Македонската православна богословија свети Климент Охридски, се одржа свечена академија по повод патрониот празник на Богословијата.
Вечерна богослужба за Свети Климент Охридски
"Вечерна богослужба за Свети Климент Охридски"