Воведение на Пресвета Богородица во Храмот

"Воведение на Пресвета Богородица во Храмот"

На 04.12.2024 година, кога Црквата го слави Воведението во храмот на Пресвета Богородица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, во храмот посветен на Воведението на Пресвета Богородица, во с. Шлегово – Кратовско служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.