Воскресение Христово (втор ден)

"Воскресение Христово (втор ден)"

На 21 април 2025 година (понеделник од Светлата седмица), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Златоустова Литургија во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово. Пред Литургијата во чтец го произведе богословот Михаил Ѓориќ од Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.