На 7 мај 2024 година (вторник од Светлата седмица), во храмот на свети Јован Крстител во Кратово, митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Златоустова Литургија. Пред Литургијата во чинот чтец беа произведени богословите Дарко Ѓорѓиевски и Милан Цветановски. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.