На 03.09.2023 година, во Тринаесеттата Недела по Педесетница, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Крушевски и Демирхисарски г.Јован, служеше Света Архиерејска Литургија во соборниот храм „Свети Никола“, во Крушево. На Митрополитот г.Јован му сослужуваа Високопреосвештените Митрополити: Преспанско-пелагонски и администратор Австралиско-новозеландски г.Петар, Црногорско-приморски г.Јоаникиј и Кумановско-осоговски г.Григориј; Високопреосветените епископи: Врањски г.Пахомиј, Дељадровско-илинденски г.Јоаким, Делчевско-каменички г.Марко, Дремвитски г.Давид, Хераклејски г.Климент и Стобиски г.Јаков.
На крајот од Светата Литургија, Митрополитот Преспанско-пелагонски и администратор Австралиско-новозеландски г.Петар го изврши чинот на востоличување на Митрополитот Крушевско-демирхисарски г.Јован.
На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.