Вторник од првата седмица по Педесетница

"Вторник од првата седмица по Педесетница"

На 10.06.2025 година, во вторникот од првата седмица по Педесетница, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Златоустова Литургија во храмот на Свети вмч. Димитриј во Крива Паланка. На Светата Литургија со Одлука арх.бр. 210/25 од 09.06.2025 година, јерејот Дејан Апостоловски беше произведен во протојерејски чин. На Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.