Дваесет и прва недела по Педесетница

"Дваесет и прва недела по Педесетница"

На 17.11.2024 година, во Дваесет и првата недела по Педесетница, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, во сослужение на Преосвештениот Епископ Стобиски г. Јаков, чиноначалствуваше со Божествената Литругија во храмот „Свети Петнаесет Тивериополски Маченици“ во Струмица. На Божествената Литургија, со благослов на Високопреосвештениот Митрополит Струмички г. Наум, Високопреосвештениот Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј, во свештенички чин го ракоположи ѓаконот Кирил Доневски. На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови тајни.