Недела на свети Григориј Палама

"Недела на свети Григориј Палама"

На 16.03.2025 година, во втората недела од Великиот пост, кога Црквата го прославува споменот на свети Григориј Палама, Неговото високопреосвештенство Mитрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, во сослужение со Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Василиева Литургија во храмот ,,Успение на Пресвета Богородица” во Гостивар. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.