Недела по Богојавление

"Недела по Богојавление"

На 26.01.2025 година, во Неделата по Богојавление, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Литургија во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка. Пред Литургијата во чтец го произведе Ненад Вучевски од Крива Паланка. На Светата Литургија сослужуваа протојереј ставрофор Блаже Цековски, игуменот Фотиј Костовски и ѓаконот Орце Ѓошевски. Верниот народ се причести со Светите Христови тајни.