Отсекување на главата на св. Јован Крстител

"Отсекување на главата на св. Јован Крстител"

На 11.09.2023 година, кога Црквата си спомнува за отсекувањето на чесната главата на светиот Јован Крстител, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј во сослужение со Епископот Дремвитски г. Давид, служеше Света Литургија во храмот на Свети Јован Крстител во Кратово. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.