На 11.09.2024 година, кога Црквата си спомнува за отсекувањето на чесната глава на светиот Јован Крстител, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Златоустова Литургија во храмот на свети Јован Крстител во Кратово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.