На 19.08.2024, кога Православната Црква си спомнува за Преображението на Господ Исус Христос на гората Тавор, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, во сослужение со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел служеше Света Литургија во храмот на Свети Атанасиј Велики во Неготино. На Светата Литургија верниот народ се причести со светите Христови тајни.
Преображение на Господ Исус Христос
"Преображение на Господ Исус Христос"