На 30 јануари 2025 година, кога Црквата го прославува споменот на преподобниот Антониј Велики, Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, во храмот на свети Димитриј во Крива Паланка служеше Света Литургија. Пред Литургијата во чтец го произведе Далибор Ѓоргиевски од Крива Паланка. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.