На 03.07.2025 година, кога Црквата го прославува споменот на преподобен Наум Охридски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, служеше Света Златоустова Литургија во митрополитскиот соборен храм на Свети Никола во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.