На 27.10.2024 година, кога го прославуваме споменот на преподобната Параскева Епиватска, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Златоустова Литургија во храмот на Света Петка во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.