На 21.09.2024 година, кога Црквата го прославува Рождеството на Пресвета Богородица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј сослужуваше на Светата Литургија во храмот на Рождество на Пресвета Богородица во Скопје. На Светата Литургија началствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан – во сослужение со Митрополитите Брегалнички г. Иларион, Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Епископот Хераклејски г. Климент, како и со проигуменот на свештената Хиландарска обител, Архимандритот Методиј. На Светата Литургија, верниот нарот се причести со Светите Христови Тајни.