На 28.11.2024 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше заупокоена света Литургија во црквата „Света Софија“ во Охрид, на која началствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужување со архијереите на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и Митрополитот Врањски г. Пахомиј и Епископот Хвостански г. Алексеј од Српската православна црква и Митрополитот Старозагорски г. Кипријан од Бугарската православна црква.
По Литургијата беше извршено погребението на Високопреосвештениот Митрополит Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.
Телото на Митрополитот Тимотеј со поворка беше донесено до Плаошкиот манастир „Свети Пантелејмон и Свети Климент Охридски“, каде беше погребано до јужната апсида на храмот.
Нека му е вечен споменот на Митрополитот Тимотеј.