На 31 јануари 2025 година, кога Црквата го слави споменот на светите Архиепископи Александриски, Атанасиј Велики и Кирил, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Литургија во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.